Една млада блогерка и тиктокерка, позната само како Тее, на својот профил го сподели искуството од последниот состанок на кој била.
Приказната за кратко време стана вирална поради ситуацијата во која се нашла девојката.
Момчето што ја „собрал“, наводно заборавил да си го исчисти автомобилот пред состанокот, па на објавената снимка се гледа куп ѓубре на подот.
Ова ја шокирало толку многу што решила да ја прекине врската таму.
„Можам со сигурност да кажам дека никогаш повеќе нема да го видам“, откри таа во видеото кое за кратко време собра стотици илјади прегледи.
Во видеото со наслов „Мириса полошо отколку што изгледа“, Тее снимила неред околу нејзините нозе. Таа рече дека мисли дека мажот воопшто не разликува корпа за отпадоци од сопствената кола.
– Ако е неговиот автомобил, тогаш каква му е куќата, или уште полошо, долната облека? Подобро да не завршиш со него – е еден од коментарите за поддршка.
Кога видеото собра неверојатни три милиони прегледи, Тее објави дека „валканиот тип“, како што го нарекуваа на ТикТок, ѝ се јавил и побарал втора шанса.
„Ми кажа дека автомобилот сега е чист и дека би сакал да ме однесе на вистински состанок“, изјавила девојката, но не открила дали ја прифатила неговата понуда.
@teetee135xo Smells as worse as it looks🤮 #fyp #firstdate #foryou #nasty #fails ♬ original sound – tee