Дојави за бомби во училишта во Србија

Сподели со своите пријатели

Во срспкиот град Крагуевац, неколку средни училишта добиле дојава дека во нивните згради била поставена бомба, пренесува ucentar.rs.

Loading...

Рано утринава на адресите на три средни училишта во Крагуевац пристигнале мејлови дека во нивните згради има поставено бомби.

Пораките ги примиле Првата крагуевачка гимназија, Втората гимназија и техничкото училиште, потврдија од полициската управа во Крагуевац.

Веднаш по пријавата, полициските службеници извршиле контрадиверзантски увид и утврдиле дека пријавите за поставени бомби се лажни.

Како што изјави за РТС директорката на Првата гимназија во Крагуевац, Славица Марковиќ, вечерва околу 01:30 часот на официјалната адреса на училиштето пристигнал вознемирувачки мејл.