Дојави за бомби во осум скопски училишта

Сподели со своите пријатели

Осум средни училишта во Скопје утринава добиле дојава преку мејл за поставена експлозивна направа.

Loading...

– Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што велат од полицијата, веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето