Дојава за бомба во две училишта во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дојава за бомба попладнево пристигнала на мејл адреси на две училишта во Куманово.

Loading...

Едно од училиштата според информации на Кумановски Муабети е „Браќа Миладиновци“.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдуваат дека во две училишта пристигнала дојава.

– Денеска (16.02.2023) е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на 9 професори од истите училиштата. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од кумановската полиција.

Претходно во два наврати дојава за бомба имаше до неколку училиштата во Куманово, меѓу кои „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Браќа Рибар“, „Јероним де Рада“, „Карпош“ во село Умин Дол, „Кирил и Методиј“ во селото Романовце и „Кочо Рацин“.

Досега полицијата нема разрешница за претходните дојави кои беа лажни.

Никола Ивановски