Догодина постепено стабилизирање на странските директни инвестиции, вели гувернерката Ангеловска Бежоска

Сподели со своите пријатели

Странските директни инвестици  годинава ќе бидат забавени на ниво од 1,6 проценти од БДП, а  за догодина се очекува постепено стабилизрање на три проценти од БДП, односно враќање на преткризното ниво.

Loading...

-Странските директни инвестиции  пред  кризата во просек изнесуваа некаде околу 3,3 проценти од БДП. Оваа година  очекуваме значајно забавување на странските директни ивестиции  на ниво некаде околу 1,6 проценти во услови на овој нов контекст и веќе од наредната година очекуваме постепено стабилизирање на странските инвестици и постепено враќање на преткризното ниво. Така што, за наредната година очекуваме прилив на странски директни инвестици од околу три проценти од БДП, а потоа постепно зголемување  на нивното учество во БДП  на среден рок од 3,5 проценти, рече гивернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беа соопштебни најновите  проекции на НБ за економијата.

Оваа година, појасни, се очекува  контракција на економската активност и  таа ќе биде видлива кај сите нејзини компоненти, пришто особено изразен ќе биде ефектот кај инвестиците при проектиран пад од 13 проценти.

-Ова не зачудува бидејќи ако се вратиме наназад  при секоја кризна епизода  инвестиците се еден од најзначајните  пунктови каде што највеќе доаѓаат до израз неповолните ефекти  од кризните состојби.   За наредните две години очекуваме  постепено стабилизирање  на  инвестициите односно  поповолни трендови и во глобални рамки се очекува  попозотивен амбиент закрепнување. Очекуваме и раст на странските директни инвестиции, имајќи ги во предвид стапките на ММФ за стабилни финансиски пазари и поповолни очекувања на меѓународните инвестори, наведе гувернерката на Народната банка.

Очекува инвестициската  активност во наредните две години да биде  поддржана и од засилениот инфраструктурен  циклус од страна на  државата  со проекциите во  Предлог буџетот на  државата,  како и солидната кредитна поддршка  која што, потенцираше, исто така е многу значаен сегмент.

Според неа, тешко е да се кажат очекувањата за натамошна стабилизација на финансиските пазари бидејќи пазарите  реагираат на многу фактори. Меѓутоа, засега барем ММФ во рамки на своите среднорочни макроекономски  проекции  очекуваат финансиските  пазари да се задржат  на  стабилно ниво, односно да нема позначајно затегнување на условите на  финансиските пазари што во голема мера  го врзуваат и со нивната препорака дека носителите  на политките  и натаму треба да обезбедуваат поддршка на економската активност, рече Ангеловска Бежоска.

Таа на прес-конференцијата соопшти дека НБ проектира пад од 4,9 проценти на Бруто домашниот производ за годинава, а раст од 3,9 проценти во наредната година.  Со тоа, како последица на подолготрајноста на пандемијата и нејзиното влијание врз сите пунктови на економијата, централната банка направи надолна ревизија на пролетните  проекции со кои за годинава  прогнозираше пад од 3,5 проценти на БДП и закрепнување во наредната година со раст од 4,7 проценти.

Лидија Велковска

Loading...

Leave a Reply