Догодина Куманово ќе блесне со ново улично осветлување (видео)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 14 милиони денари ќе бидат издвоени од општинскиот буџет за уличното осветлување во 2016 година, и тоа три милиони за ново и четири милиони денари за одржување на веќе постоечкото улично осветлување, според програмата за работа на Јавното претпријатие „Куманово – паркинг“ која беше изгласана на денешната седница на Советот.

Loading...

Новогодишното украсување оваа година ќе чини 3,5 милиони денари, при што советниците од опозицискиот блок го нападнаа директорот дека повеќе пари ќе се потрошат за новогодишно украсување отколку за ново улично осветлување во цела 2016 година.

Директорот Фадиљ Шабани вели дека истите тие советници го нападнале и минатата година кога градот не бил така украсен.

Оставам да проценат граѓаните на општина Куманово, затоа што сме сведоци, и ние, и вие како новинари и граѓани дека Куманово во последните години беше најненакитен град, а оваа година тоа ќе се промени на подобро, и мислам дека граѓаните ќе бидат задоволни и советниците кои минатата година рекоа дека не е убаво украсен градот – изјави директорот Шабани.

Инаку новогодишното украсување ќе започне деновиве, а за таа намена е ангажирана фирма од Скопје која го добила тендерот, како единствена фирма која се јавила.