Додека траела мисата за кралицата, Чарлс III делел откази

Сподели со своите пријатели

Во последните неколку дена, вработените во поранешната резиденција на новиот британски крал Чарлс III работеле деноноќно за да се погрижат нивниот шеф да има безгрижна транзиција на неговата нова позиција.

Loading...

Меѓутоа, сега стотици вработени стравуваат за својот опстанок.

Како што дознава Гардијан, неколку десетици вработени, дури и некои кои работат таму со децении, веќе останале без работа со образложение дека се технолошки вишок.

Лични секретари, асистенти, членови на финансискиот сектор, домашен персонал се само дел од работниците кои веќе добиле решение за отказ во понеделникот, а ова непријатно известување пристигнало во моментот кога во катедралата во Единбург се одржувала мисата за кралицата Елизабета Втора.

Повеќето од персоналот биле убедени дека штом Чарлс и Камила ќе се преселат во Бакингемската палата, тие ќе бидат инкорпорирани во новото кралско домаќинство.

Нивните надежи ги срушил Сер Клив Алдертон, главниот помошник на кралот, кој им предал писмо.

„Промената на улогата на нашите работодавци ќе значи и промена за целото наше домаќинство и начин на работа. Бизнисите во ова домаќинство кои беа за лични интереси, поранешните активности на поранешниот принц од Велс повеќе нема да се вршат, а домаќинството во Кларенс Хаус ќе биде затворено“, се вели во писмото на Сер Алдертон.

Тој додаде дека одредени вработени кои обезбедуваат блиска, лична поддршка и совети на Чарлс и Камила ќе останат на своите работни места.

Loading...

Сè уште не е донесена конечна одлука за тоа кој ќе биде отпуштен, бидејќи прво треба да се заврши периодот на консултации, кој ќе започне по државниот погреб на кралицата.

Се очекува на отпуштениот персонал да им биде понудена помош за барање работа, како и отпремнина.

„Сите се апсолутно бесни, вклучително и личните асистенти и сениорскиот тим. Персоналот работи деноноќно од четвртокот и потоа доживува ваков третман. Сите се видно потресени“, изјавил неименуван извор за Гардијан.

Сепак, сѐ уште не е потврдено дали кралот и кралицата на крајот ќе живеат во Бакингемската палата, пренесува Јутарњи.

Во моментов, само делови од палатата се вселивни бидејќи се во тек големи работи, кои се очекува да траат со години.

Постојат шпекулации дека кралот, за кој се шпекулира дека не ја сака Бакингемската палата, би ја користел палатата само за приеми, чувајќи ја блиската куќа Кларенс како свој дом во Лондон.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.