Додека целиот свет усвојува бебиња, Јапонците усвојуваат возрасни мажи

Сподели со своите пријатели

Америка и Јапонија имаат најголема стапка на усвојување, но со една голема разлика. Додека поголемиот дел од Американците усвојуваат мали деца, во Јапонија усвојувањето на деца е само на 2%. Мажите во дваесетите и трисетите години од животот го даваат останатиот процент (98%) или скоро 90.000 лица во 2008 година.

Сега се поставува прашањето зошто во Јапонија се усвојуваат возрасни лица?

Причината е просто неверојатна. Смислата за бизнис и вештините не се баш во сите случаи наследни. Како резултат на тоа, поголемите семејни бизниси пропаѓаат по смртта на нивниот оснивач.

Дури 37% од членовите го сочинуваат Лес Хенокиенс, братството компании кои имаат бизнис стар 200 години, но и ден денес го водат членовите на семејството.

Две компании кои наскоро треба да поднесат титули на најстари семејни компании се Хоши која е основана во 781 година и Конго Гуми, будистички храм основа во 578 година.

Пред Втората светска војна, градскиот кодекс на Јапонија одредил дека семејното наследство мора да се пренесува по машка линија. Традицијата одредила се да преминува во рацете на највозрасниот син.

Во домаќинствата кои имаат само ќерки, дошло до голема побарувачка за усвојување синови кои би можеле да го добијат презимето и работата.

Ако и биолошкиот син се смета за неадекват насленик тој може да биде замене со лице кое е усвоено. Од друга страна,а семејствата кои имаат вишок млади синови, ги праѓаат на усвојување.

Иако овој закон повеќе не мора да се применува, бизнис семејствата тешко се откажуваат од старите навики. Опаѓањето на наталитетот во оваа земја дополнително го намалил бројот на машките наследници. Шефовите често бираат синови меѓу најперспективните топ менаџери.

Семејните сопственици на Тојота и Сузуки ги усвоиле своите синови кои им управуваат со бизнисите. Нивните биолошки родители во таква ситуација ги поклонуваат и за тоа добиваат пари.

Оној кој ќе биде избран за усвојување смета дека му е укажана голема чест. Се верува дека оваа ја поттикнува конкуренцијата меѓу менаџерите, што гарантира дека бизнисот ќе заврши во сигурни раце.

Истражувањата покажале дека компаниите кои имаат усвоени наследници често се поуспешни од оние во кои управуваат биолошки налследници.