Доброволно влегол во Аушвиц за да види што се случува таму

Сподели со своите пријатели

Во раните денови од Втората светска војна поголемиот дел од светот не бил свесен што навистина се случува во нацистичкиот камп Аушвиц, а еден чоек одлучил сам да провери што се криело зад бодликавата жца.

Loading...

Полскиот воен капетан Витолд Пилецки доброволно се јавил да влезе во логорот, за да дознае дали има вистина во гласините за германските злосторства.

Германските војници на 19 септември 1940 година го направиле она на што Пилецки и се надевал. Тие го фатиле на улиците на Варшава и го депортирале во логорот.

Следните две години Пилецки ги поминал во Аушвиц.

Во документот „Волотнер во Аушвиц“  кој комунистичката Полска со децении го држала како строго доверлива тајна дури од неодамна е отворен за јавноста, а во него Пилецки го опишуал неговото влегување во Аушвиц:

Се поздравив со сите што тогаш ги познавав и влегов во нешто што не беше нималку слично на нешто што дотогаш го имав видено во мојот живот – започнува полскиот војник.

За кратко време му станало јасно што всушност се случува во Аушвиц:

Беше тоа фабрика за убивање на луѓе. Ми беше доделена работа која подразбираше и одење надвор од логорот, па успевав да прошверцувам извештаи до полската војска.

Од ден на ден неговите извештаи биле се пострашни.

Повеќе од илјада новодојдени денес се испратени во гасните комори. Телата се запалени во новиот крематориум – напишал Пилецки.

Со време неговите извештаи станале толку страшни и вознемирувачки што никој не сакал да ги чита, а оние што ги читале им било тешко да поверуваат во содржината.

Loading...

Алекс Сторожински, претседател на фондацијата Косциуско раскажал дека Пилецки извештаите ги испраќал до војската која била скриена низ Варшава.

Мислеа дека тој претерува. Не можеа да поверуваат дека постојат гасни комори, печки, дека им давале инекции од кои се вознемирувале. Звучеше по малку нереално – вели Стожерски за НПР.

Наредби за уништување на логорот немало, па Пилецски напишал дека продолжување на неговиот престој во логорот би можел да биде опасен по неговиот живот и тогаш започнал да планира бегство.

56118035-5474-4891-a8c9-58820a0a0a64-zloglasni-logor-ausvic

Во средина на ноќта на 26-ти април 1943 година Пилецки избегал со Јана Редзеј и Едвард Циселски, двајца логорски заробеници.

Тројката избегала низ задните врата на куќичката која служела како пекарница.

Под логорските униформи имале нормална облека, а со себе понеле и тутун кој го фрлале зад себе за да не можат да ги намирисаат кучињата.

Откако Пилецки се вратил во војска и напишал детален извештај за Аушвиц во 1945 година прифатил да стане дел од шпијунажа и собирање на тајни информации за Русите во Полска.

Комунистичкиот режив во Варшава го фатил Пилецки и тој бил убиден откако го осудиле на смрт.

Loading...

Погубен е во варшавскиот затвор Мокотов на 25-ти мај 1948 година.

Причината поради која неговата приказна за инфилтрацијата во Аушвиц останала релативно непозната е тоа што комунистичката власт цензурирала спомнување на негово име во јавните документи, а таа забрана траела се до паѓањето на Берлинскиот ѕид.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.