Корисниците на Windows 7 сепак ќе добијат ново ажурирање, иако поддршката официјално престана.
Пропустот кој е направен со последното ажурирање на KB4534310 предизвика одредени позадини за Windows (оние во режимот „Stretch“) да бидат заменети со обична црна позадина.
По 15 години пристигнува нов Wi-Fi: Ќе бидеме побезбедни, но има и една маана
Иако ова е повеќе непријатно отколку критично, нема причина да не се поправи.
Едно решение е едноставно да престанете да ја користите опцијата „Stretch“, но „Мајкрософт“ соопшти дека проблемот ќе биде исправен за оние кои купиле Windows 7 Extended Security Updates.
Пропуст на „Мајкрософт“ поради кој Бил Гејтс останал без 400 милијарди долари
Со други зборови, решението требаше да биде достапно за оние кои плаќаат дополнителна поддршка.
Дури имало некои „теории на заговор“ кои велат дека „Microsoft“ ги казнил сите што не сакаат да се преселат од Windows 7 на Windows 10, пренесува Tech Radar.
Во секој случај, сега е објавено дека сите корисници, не само оние кои плаќаат за дополнителни безбедносни ажурирања, ќе ја добијат поправkата.