25.06.2019 11:34

Пропуст на „Мајкрософт“ поради кој Бил Гејтс останал без 400 милијарди долари

Facebook Twitter Google+

Некогашниот шеф на Мајкрософт Бил Гејтс си ја отвори душата во интервју за „VillageGlobal“ и навел поради што најмногу се кае кога станува збор за управување со компанијата.

Тоа е безуспешниот обид „Windows Mobile“ да стане она што денес е Android.

Loading...

Бил Гејтс: Не заслужувам толкаво богатство

Иако оваа грешка му се препишува на Стив Балмер, кој бил извршен директор на компанијата во период од 2000 до 2014 година, Гејтс си ја префли вината самиот на себе.

Како доминантна софтверска сила на десктоп компјутерите, амбицијата за истовремен успех и на мобилните уреди била сосема оправдана. Како што се покажало, тајмингот и пазарниот радат на „Мајкрософт“ оделе од рака.

СКРОМНО: Кога Бил Гејтс ти е татко за дипломска добиваш имот од 16 милиони долари

Google OS се сврте во 2008 година, една година по првиот „iPhone“. „Windows Mobile“ тогаш се уште бил фокусиран на тастатурата и пенкалото.

И додека во 2010 година компанијата пред конкуренцијата го истурка својот Windows Phone 7, веќе беше доцна. Само еден оперативен систем можете да стане стандардизирана алтернатива на iOS.

Предвидувања на Бил Гејтс кои излегоа прецизни и точни

Долгогодишното „мачење“ и официјално било завршено кон крајот на годината, кога компанијата ја укинала поддршката за „Windows 10 Mobile“.

Loading...

Компанијата преживеала, но останалае без некои 400 милијарди долари, колку што Гејтс проценил дека злобниот час ги однел.

фото: YouTube printscreen / Village Global


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments