Доаѓаат постудени денови и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, денес се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Д. Капија и Скопје – Петровец има појава на слаба утринска магла.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

До петок, утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, додека дневната постепено ќе опаѓа за степен до два, така што во четврток максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

 Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.