До сабота пекол, а од недела за 10 степени пониска температура

Сподели со своите пријатели

Денеска не очекува потопло време во споредба со вчера, а вредноста на максималната температура ќе биде од 32 до 36 степени долж Повардарието, со тоа што потопло ќе биде во јужниот тек. Максимална температура околу 30°С се очекува во Пелагонија, охридско-преспанскиот крај, како и на повисоките места во источниот регион.

Loading...

Националната хидрометеоролошка служба пак од денес до сабота има издадено жолто предупредување за високи температури невообичаени и надпросечни за овој период од годината.

Што се однесува до Куманво, денеска не очекува сончево и топло време со минимални 14, а максимални 33 степени целзиусови.

Како што пишува порталот МетеоПро, нова промена на времето ни доаѓа во недела, односо во текот на вечерта кон понеделник. Оваа промена на времето се очекува да резултира со пад на температурата за околу 8 до 10 степени во понеделник, со што максималната нема да надминува 25 степени.

Во недела попладне и во текот на вечерта се очекува продор и на влажна вoздушна маса која ќе донесе нови врнежи од дожд. Засега изгледа дека врнежите ќе бидат застапени само во неделa попладне и во текот на понеделник.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.