До понеделник нема да куртулиме од нестабилното време

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Максималната температура ќе се движи во интервал од од 23 до 30 степени.

Во Куманово и околината ќе биде сончево до умерено облачно, а попладне постојат услови за развој на локална нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 25 степени целзиусови.

Утре и во понеделник во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места процесите ќе бидат и поинтензивни. Попладневната нестабилност ќе продолжи и во текот на следната недела и ќе биде со променлив интензитет, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање.