До пладне – на Табановце пристигнаа близу 1300 бегалци (фото)

Сподели со своите пријатели

Со два воза, од утринава на северната граница со Србија, пристигнаа близу 1300 бегалци, јавуваат граѓанските активисти на терен.

Loading...

Освен со возови, бегалците на железничкиот премин Табановце пристигнуваат и со организиран превоз од автобуси и приватни такси компании, при што во 15 часот, се очекува нова возна композиција и нова маса на луѓе, велат активистите.

Во моментот, од страна на неколку НВО – а се врши дистрибуција на храна и вода за пиење, а по нивното пристигнување, бегалците по мал одмор се упатуваат кон српската страна каде веднаш се упатуваат кон селото Миратовац.

На терен се наоѓа и екипа на Црвен Крст.

Инаку, од започнувањето на издавањето на потврдите до денес, од вкупно 45.538 издадени потврди,  до Одделението за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Loading...