До петок сончево и многу топло, од сабота драстичен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со локален дожд и ретки грмежи, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб југоисточен ветер.Минималните температури низ државата ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево и топло време со температура до 34 степени целзиусови и индекс на УВ зрачење со вреднсот 8.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои на повеќе места ќе бидат над 35, а вдолж Повардарието ќе достигнат до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Во петок попладне и во сабота ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во сабота и недела ќе предизвика значителен пад на температурите.

 

Loading...