До петок нестабилно со обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што информираат од таму, до петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Leave a Reply