До недела услови за нестабилност и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Утрово е сончево, а во источните и југоисточните делови има појава на мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, а во попладневните часови и услови за нестабилност проследени со врнежи од дожд и грмежи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

 

 

Според УХМР, до недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

 

Loading...

Никола Ивановски