До крајот на неделата стабилно и без промени на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од 10 до 18, а максималните дневни од 25 до 33 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво.

До недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Leave a Reply