Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Loading...
Минималната температура ќе биде помеѓу 15 и 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе има коефициент 8.
До среда (14.08) ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.