До каде е реконструкцијата на градскиот парк во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Активно се работи на реконструкцијата на стариот градски парк кај автобуската станица во Куманово.

Loading...

Според градоначалникот Максим Димитриевски, треба да се завршат уште некои градежни активности, но потоа Куманово ќе го има еден од најдобрите паркови во државата.

Досега, како што информираше Димитриевски на денешната седница на Советот на Општина Куманово, реконструирани се сите патеки во паркот, а дополнително е изграден паркинг плац и игралиште за баскет.

Советот донесе одлука да се постави ново осветлување, но и подземен систем за наводнување.

Сепак подземниот систем за наводнување нема да се поставува со оглед дека не е препорачлив за јавни прометни површини од ваков тип.

– Не пристапивме во реализација на средствата за реализација на подземниот систем за наводнување бидејќи со неколку компании со кои разговаравме кои ја вршат таа работа велат дека тоа е нешто идеално, но не е препорачливо да се вградува на јавни прометни површини бидејќи свеста на граѓаните е на ниско ниво и доаѓа до често оштетување на самите системи. Истите се прилично скапи, на пример еден распрскувач кој се вградува под земја и има капацитет да фрла вода со далечина од 12 метри чини од пет до седум илјади денари во зависност од произведувачот, вели градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

Loading...

 

Од компаниите кои се занимаваат со таквата дејност, било посочено системи од овој тип да се поставуваат само на оградени места или оние кои имаат чуварски служби, што не е случај со паркот.

Од тие причини средствата ќе бидат пренаменети за други цели кои овој парк ќе го направат прв смарт парк во градот.

– Веќе изготвивме идејно решение и проект за паркот. Тој треба да биде смарт парк, урбаната опрема е обезбедена од фирмата изведувач со смарт клупи, дополнителни клупи, кошници за смет итн. Мислам дека се оставени во ЈП „Чистота и зеленило“, свесно не се наместени додека целиот проект не се завшри во целост, бидејќи ќе бидат уништени и оштетени, појаснува градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

 

Паркот треба да добие нови пешачки патеки со тартан подлога, велосипедски патеки, катчиња со дел за рекреација на деца, но и спортски центар.

Loading...

– На еден од следните состаноци на советот ќе ви биде презентиран за да го погледнете како идејно решение и потоа ќе излеземе со пресметка колку би чинел самиот проект. На една од следните седници ќе имаме и носење на одлука за прераспределување на средствата кои беа пренесени како вишок од 2020 година, а не се опфатени од овој буџет, мислам дека ќе има доволно средства и потоа Куманово да добие еден од најдобрите паркови во државата, додава првиот човек на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

 

Во меѓувреме се набавуваат нови садници кои ќе бидат жива ограда во паркот, а ќе бидат изградени и тротоари кои минуваат покрај самиот парк.

Реконструкцијата на паркот чини девет милиони денари, средства кои Општина Куманови ја следуваат по основ на рамномерен регионален развој.

Никола Ивановски