Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м 2 ) и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за нестабилност проследена со обилни врнежи од дожд и електрични празнења, особено во попладневните часови.
Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.
До четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат.
Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст, велат од УХМР.
Никола Ивановски