До 22 часот не патувајте во Грција, премините се во целосна блокада

Сподели со своите пријатели

Штрајкот на грчките земјоделци ги затвори граничните премини на јужната граница со што сообраќајот е целосно оневезможен.

Станува збор за затворање на сите три гранични премини, Богородица, Дојран и меџитлија кои денеска ќе бидат затворени од 9 до 22 часот информираат од Авто-мото Сојузот на Македонија.

Поради овие причини се препорачува да не се патува кон јужниот сосед до 22 часот вечерва.

фото: Телма