До 10 часот во Куманово гласале 5,79, во Липково 0,97 и во Старо Нагоричане 4,87 проценти од гласачите

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државната изборна комисија, до десет часот излезноста во Куманово е 5,79 проценти, во Липково, 0,97, а во Старо Нагоричане 4,87 проценти.

Loading...

Гласањето во овие три општини, информираа претседателите на ОИК, се одвива непречено.

– Во Куманово денеска можат да гласаат 86.009 граѓани на 167 избирачки места, информираше Звонимир Николовски, претседател на ОИК Куманово.,

Претседателот на ОИК, Лирим Јашари соопшти дека во Липково право на глас имаат 25.363 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.

– Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше  Драган Јовановски, претседател на ОИК.

Во оваа општина право на глас имаат 3.329 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *