Повеќе од 60 украински војници загинаа во борбите со припадниците на Народната милиција на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР), изјави денеска заменик-шефот на милицијата ДПР, Едуард Басурин.
„Силите на Доњецката Народна Република и Руската Федерација исфрлија од акција повеќе од 60 украински војници“, рече Басурин и додаде дека единиците на ДНР уништиле пет украински оклопни транспортери и седум моторни возила во изминатите 24 часа, пренесува ТАС С. .
Портпаролот на Министерството за одбрана на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Иван Филипоненко изјави дека во текот на изминатиот ден во битката со силите на ЛНР загинале 46 украински војници, дека биле уништени шест оклопни транспортери и четири моторни возила.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.