Врховниот суд на самопрогласената Народна Република Доњецк ја прими жалбата поднесена од бранителот на мароканскиот платеник Брахим Садун кој беше осуден на смрт во ДНР.
„Добиена е жалбата на адвокатот Брахим Садун со која се бара промена на казната“, изјави претставникот на судот за ТАС С.
Јелена Весенина, адвокатката на Мароканецот, изјави дека поднела жалба порано денеска.
Нејзината жалба следи по жалбата на Јулија Церковникова, адвокатка на британскиот државјанин Шон Пинер, кој исто така беше осуден на смрт затоа што се борел заедно со украинските сили како платеник.
Апелација бара намалување на казната на доживотен затвор
Судот претходно најави дека жалбата ќе биде разгледана во рок од два месеца од испраќањето на предметот до жалбениот совет.
Павел Косован, адвокатот на другиот британски државјанин, осуден платеник, Ејден Аслин, рече дека сѐ уште не поднел жалба.
На 9 јуни, судот на ДПР осуди двајца Британци, Шон Пинер и Ејден Аслин, заедно со Мароканецот Брахим Садун, на смрт поради тоа што се бореле заедно со украинските вооружени сили како платеници.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.