Дневните температури во порст, но во рамките на просекот

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен во источните делови и вдолж Повардарието. Дневната температура на воздухот ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 30 степени целзиусови.

Следува период на претежно стабилно и се потопло време. Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава.

Утре и во четврток во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на северот.

Врнежи од дожд со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.