Дневните температури викендов ќе бидат во постепен пораст

Сподели со своите пријатели

Денешното утро започна ведро, но студено со слаб до умерен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот можеме очекуваме сончево време со мала до умерена облачност.

Претежно ведро и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 °C. Попладне во северните делови облачноста ќе се зголеми, а ветерот ќе стивнува.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме претежно сончево време, со мала облачност. Може да очекуваме сосема слаб ветер од североисточен правец и максимална дневна температура од седум, а минимална од -6 степени целзиусови.

За време на викендот ќе преовладува претежно сончево време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Во сабота, особено долж Повардарието, се уште ќе дува повремено умерен северен ветер.

Од почетокот на наредната недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневните температури во текот на работната недела ќе бидат во постепено опаѓање.