Дневниот ред за утрешниот Совет не ја содржи точката за преименување на плоштадот

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово за утре /04 ноември/ го најави одржувањето на редовната 42 – седница со 36 точки на дневниот ред, меѓу кои и јавна расправа по извештајот за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за период од 01 јули до 30 септември, потоа одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година, предлог – измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2015 година, како и Предлог – Листа на имиња на улици во населено место Гладно Поле – Општина Куманово.

Loading...

Меѓу триесет и шестте точки на дневниот ред, не стои наведено дека советниците ќе дискутираат по иницијативата на ОК на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери за преименување на кумановскиот плоштад од ”Нова Југославија” во Плоштад ”Македонија”, иницијатива за која граѓаните даваа свој потпис.

Додавање на точката за преименување на плоштадот може да биде изгласано утре пред усвојување на дневниот ред, согласно Деловникот за работата на Советот и не ја исклучува можноста, истиот предлог да не наиде на поддршка од останатите советници кои го сочинуваат мнозинството во кумановскиот Совет.

Сите точки за предвидениот дневен ред се достапни на официјалната веб страна на Општина Куманово.