09.11.2015 01:13

„Дневник на смртта“ – лекар опишал како изгледа умирање од отровна змија


„Дневникот на смртта“ кој го водел лекарот Карл Патерсон Шмидт во детали опишува како умира една чиност која е касната од змија отровница.

Патерсон починал од каснување од млада бумсленг змија во 1957 година, но тогаш се уште не знаел дека ќе почине. Времето измеѓу каснувањето и смртта, а тоа траело цел еден ден, го поминал водејќи белешки за својата состојба.

loading...

Змијата го каснала во музеј во Чикаго каде е донесена од зоолошка градина во која не знаеле за каков вид станува збор. Како што опишал лекарот во својот дневник, до смртоносното каснување дошло додека тој во рацете ја држал змијата, а нејасно е зошто не користел вообичаени техники за тоа.

Многу ми е студено, се тресам. Започнав да крварам од устата – опишува лекарот во следните часови по каснувањето.

Инаку отровот од оваа змија доведува до тоа личноста да искрвари до смрт. Една од последните белешки е утрото по каснувањето.

Крварам од стомакот. Од носот и устата постојано ми капе крв.

Набргу потоа лекарот станал и се чувствувал толку добро што отрчал во музејот каде работел за да им каже дека ќе дојде следниот ден на работа. Но, набргу повторно му станало лошо и починал.

Аутопсијата покажала дека дошло до огромно внатрешно крварење, а долготрајното умирање научниците го објаснуваат со тоа што велат дека змијата била многу млада и лекарот го гризнала само со едниот заб.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments