ДЛАБОКА НОСТАЛГИЈА: Развиен софтвер што обновува фотографии на мртви луѓе! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фирмата за генеологија MyHeritage разви алатка која оживува слики на мртви роднини, користејќи ја технологијата DeepFake.

Loading...

Алатката, наречена Длабока носталгија, им овозможува на своите корисници да ги претворат фотографиите во кратки видеа на кои се гледа мртва сакана личност на фотографија насмеана, намигнувајќи или кимајќи со главата.

MyHeritage признава дека овој софтвер ќе биде контроверзен, но преземени се чекори за да се спречи неговата злоупотреба.

„Гледањето како оживуваат лицата на нашите сакани предци … ни овозможува да замислиме какви биле тие во реалноста и ни дава нов начин на поврзување со семејната историја“, рече еден од основачите, Гилад Јафет.

Од собите за разговор до виртуелната реалност, оваа алатка е најновата иновација што се обидува да ги оживее мртвите со технологија.

 

Leave a Reply