Дизни го престигна Нетфликс по бројот на претплатници

Сподели со своите пријатели

Дизни за прв пат го престигна Нетфликс во однос на вкупниот број претплатници, покажуваат податоците на овие две компании.

Loading...

1,4 милиони луѓе се претплатија на услугите на Дизни Плус на франшизата, со што вкупниот број на претплатници на неговата понуда за стриминг достигна 221 милион.

Нетфликс, пак, објави дека има 220,67 милиони претплатници, пренесува Индекс.хр.

За прв пат, конкурент го надмина Нетфликс

Ова е прв пат некој конкурент да го надмине пионерот за стриминг Нетфликс во однос на вкупните претплатници.

„Имавме одличен квартал со силен раст на гледаноста на спортските настани во живо и значителен раст на бројот на претплатници на нашите стриминг услуги“, рече извршниот директор на Дизни, Боб Чапек.

„Со дополнителни 14,4 милиони претплатници на Дизни во фискалниот трет квартал, сега имаме вкупно 221 милион претплатници“, додаде тој.