Директорот на „Кумановско-липковско поле“ поднесе нова кривична за поранешното раководство

Сподели со своите пријатели

Четврта кривична пријава денеска поднесе директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски, против поранешното раководство на претпријатието.

Loading...

Како што истакна на прес конференцијата пред Секторот за внатрешни работи Куманово, поднесена е кривична пријава против лицата Ф.Ф., С.Ѓ. и С.Л. кои ги сомничи дека сториле кривични дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Измама во служба“, „Фалсификување службена исправа“ „Фалсификување или уништување на деловни книги“, „Фалсификување исправа“ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“.

– Овие лица во 2016 година извршиле набавка на 992 метри кубни песок од стовариште и за истиот направиле фиктивни приемници во магацин и фиктивни испратници од магацин со фалсификување на потписи на вработени. За потрошениот песок не постојат работни налози ниту градежна книга. Од тука може да се заклучи дека истиот не е донесен во „Водостопанство“. Замислете „Водостопанство“ кое е задолжено за регулација на речни корита од каде што се црпе песок, набавува сепариран песок од приватно стовариште. За споредба сега за една и пол година имаме потрошено три метри кубни песок, изјави Илиевски.

Актуелниот директор Илиевски го повика целиот Извршен комитет на ВМРО заедно со нивниот потпретседател како еден од пријавените и други двајца како високи партиски функционери и да покажат каде вградиле 992 метри кубни песок.

– Имено со овој песок, заедно со огромната количина на цемент која ја набавиле би можело да се избетонираат 6.600 метри кубни, ваква зграда јас немам сретнато кај месноста викана Менкова колиба, каде што напишале дека е употребен материјалот. Имено само за превоз на оваа количина песок се потребни 70 камиони кипери и во текот на јули 2016 година јас немам сретнато таква гужва од камиони во Куманово, додаде Илиевски.

Според актуелното раководство ќе продолжат да се преземаат мерки и постапки, како што велат за искоренување на криминалот и корупцијата кои биле пракса 12 години.

фото: архива

Leave a Reply