Директорот на ЦИА му се јави на рускиот колега – тема Вагнер

Сподели со своите пријатели

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, му се јавил на рускиот разузнавач Сергеј Наришкин по минатонеделниот кус бунт на Вагнер за да го увери Кремљ дека САД немаат никакво учество во тоа, објавија во петокот Њујорк Тајмс и Волстрит журнал.

Loading...

Телефонскиот разговор на Бернс со Наришкин, директорот на руската разузнавачка служба СВР, се одржа оваа недела и беше контакт на највисоко ниво меѓу двете влади од обидот за пуч, објави Волстрит журнал.

Основачот и водач на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, го шокираше светот со покренување на вооружен бунт против руските власти, кој ненадејно го прекина кога неговите борци се приближија до Москва.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во понеделникот дека краткото востание на руските платеници против Кремљ е дел од борбата во рускиот систем и дека САД и нивните сојузници не се вклучени.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.