Директорката на ООУ „11ти Октомври“ осомничена дека ја злоупотребила службената положба

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Куманово директор на Основното училиште „11 Октомври“- Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, во својство на одговорно лице во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати и на различни начини ја злоупотребила службената положба со неизвршување на својата службена должност при што како резултат на истото во училиштето се појавил недостаток на компјутерска опрема односно не ја осигурала опремата од секаков вид на штета и кражба и не ја вовела во материјалната и книговодствена евиденција, а исто така не пријавила до надлежните органи.

Пријавената без одлука од училишниот одбор склучила два договори на дело во 2013 и 2014 година со Н.Н. од Куманово кого го ангажирала за одржување на компјутерската опрема и за истото му исплатила 53.500 денари од сметката на училиштето.