Директорката на Музеј Куманово и уште неколку лица заработија кривични пријави

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(40) директор на Национална установа – Музеј Куманово, Д.Ѓ.(35) претседател на Комисија за селекција на кандидати, Ј.Г. (37), Д.С. (39) членови на Комисијата, И.Б.(27) претседател на Управен одбор, Н.А.(34) претставник од Локална самоуправа, С.Ц.(54), М.Ж.(32) претставници од Народниот музеј поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ додека А.Ц. е пријавена и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во период од 07.02 до 05.03.2015 година, првопријавената како директор спротивно на законските прописи овозможила вработување на еден извршител – кустос во Народната установа ставајќи ги во неповолна положба останатите кандидати.

Претседателот на Комисијата заедно со двајцата членови не извршиле селекција на кандидатите и констатирале дека сите кандидати ги исполнуваат условите иако двајца кандидати (од кои едниот подоцна е вработен) не ги исполнувале условите објавени во огласот.

Претседателот на Управниот одбор и останатите пријавени по претходно поднесени приговори од страна на кандидати донеле одлука приговорите да бидат одбиени иако кандидатите ги исполнувале условите од објавениот оглас, при тоа овозможувајќи и на првопријавената да вработи кандидат кој не ги исполнува условите.