Динамо влезе во групната фаза на ЛЕ, Адеми со два гола

Сподели со своите пријатели

Хрватскиот гигант Динамо (Загреб) влезе во групите во Лигата на Европа по победата над естонска Флора со 3:1.

Loading...

На „Максимир“ домаќините не убедија со својот настап, но сепак беа подобриот тим, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше најзаслужен за победата откако постигна два од головите.

Динамо се вклучи во плејофот во Лигата на Европа откако беше елиминиран од Ференцварош во квалификациите за Лигата на шампионите. Слична беше и судбината на Флора.


Leave a Reply