Димитров на видео-конференциски состанок со еврокомесарот Вархеји и колегите од регионот

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево учествуваше на работен видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на кој со колегите министри за европски прашања од регионот разговараа за подготовката на Економскиот и инвестициски план наменет за земјите од Западен Балкан, најавен на Самитот во Загреб во мај оваа година.

Loading...

Вицепремиерот Димитров истакна дека новиот економско-инвестициски план не е само значаен за побрзо надминување на јазот помеѓу економиите на Западниот Балкан и економиите на земјите членки на ЕУ, туку претставува и значајна алатка за поддршка на процесот на пристапување.

– Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е исклучителна можност заеднички да се фокусираме на проекти кои директно ќе создадат долгорочен раст, зголемување на бројот на работни места и дигитална, зелена и иновативна трансформација на економиите од Западниот Балкан, која сите земји ќе ги направи привлечни за сериозни инвестиции од Европската Унија. Немаме луксуз да ја испуштиме оваа прилика и Владата на Северна Македонија ќе направи сѐ за успешно искористување на можноста, потенцираше Димитров.

Тој нагласи дека со овој економско-инвестициски план Унијата ја покажа својата непоколеблива поддршка за земјите од регионот и својата посветеност на меѓународната соработка и координација, во време кога и самата е соочена со голем број на предизвици, соопшти СЕП.

Leave a Reply