Димитров на Економскиот форум во Белград

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес (понеделник, 4 октомври 2021 год.) ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од ЕУ средбите во Словенија?“.

Loading...

Вицепремиерот Димитров и претставниците на ЕУ и земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум како продолжение на дискусијата за политичката и економската соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.​