Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија, ова е силната порака што вечерва од плоштадот во Куманово ја упати кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Тој во своето обраќање се осврна на здравството и судството, и најави темелни реформи.

– Одите да ве лекуваат. Одите здрави – се враќате болни. Влегувате да побарате да ви стават инфузија, ај што не ве разбираат што им зборувате, па не можат ни вената да ви ја погодат. Имаме судови, имаме судии, имаме обвинителства, обвинители, одите прав – излегувате крив. Ниту имало правда, ама ќе има. И ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија, но притоа не ветинг, темелно ќе се отвара секој предмет, ќе се цени и ќе се пресудува од страна на искусни, вредни и умни луѓе кој тоа се огрешил од законот и кој застанал на страна на политиката, а не на граѓанинот, порача Димитриевски.

 

Loading...

 

Се боревме со години, вели тој „редевме и нижевме улици, и зборувавме Нема правда – нема мир, а правдата дојде само за нив“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

– Е видете, ќе има правда, но тогаш кога на вистинско место ќе дојдат вистински и одговорни луѓе, бидејќи овие не само што не лажеа, во целост на прелажаа, па дури и од сопствениот народ се откажаа. Се откажаа од основните вредности на Крушевскиот манифест и АСНОМ, се откажаа од се што е свето за Македонија и ако им дозволиме ќе продолжат да го прават тоа, рече тој.

 

 

Дојде време невреме, вели Димитриевски, каде при очи младите ни заминуваат од државата, а „наместо да ги спречат тоа, вели дека и самиот би си заминал кога не би бил претседател“.

– Дојде едно време невреме кај што пред очи ти заминува секој млад потенцијален човек од државата. Наместо да ги спречат, им вели, „да не сум претседател и јас би си заминал од овде“. Со прст не мрднаа. Пред нивните очи ни отидоа генерации и генерации млади луѓе во кои вложи оваа држава, а заминуваат не поради социо-економскиот модел само, заминуваат поради неправдата, поради дивеењето, самовластието и аздисаноста на власта и неправдата која секојдневно се случува во државата, рече кандидатот за претседател на ЗНАМ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

Вели дека веќе 20 години една гарнитура, влезена со пушка во Собрание си тера мајтап со државата, а никој не одговарал.

– 20 години една иста гарнитура која што со пушка ни влезе во Собрание ги врти а левите, а десните, како синџирче околу прст. Си прави мајтап и со нив, а и со државата. Станаа недопирливи. Еден пример немате во државата некој од врхушката на ДУИ да одговарал, едниствено зад нив остануваат празни дупки за наводни инвестиции за градење фабрики во Тетово за производство на возила  на батерии и маичката на Артан Груби од Коридорот 8. Пукнаа две димни бомби, склучија договор и дадоа аванс од 160 милиони евра, наши и ваши пари и никому ништо. Еден метар не е изграден до ден денес. Епа до кога вака? Нели треба некој да му стави крај на ова, праша тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

Loading...

Димитриевски порача дека СДСМ ќе загуби, а ВМРО-ДПМНЕ нема да победи, туку победата ќе ја донесе ЗНАМ – За наша Македонија.

– Како на локалните избори што се случи тоа ќе го повториме и сите заедно, бидејќи ни лиферуваат анкети и сондажи со кои креираат јавно мнение демек нивните рејтинзи биле големи, а кога беа овој плоштад и двете политички партии не беше до половина полн како вечерва. Епа видете народот гледа дека ножот е дојден до коска и ние преземаме обврска да ги смениме тие нешта, рече тој.

 

 

Димитриевски ги повика граѓаните да се приклучат кон Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, оти како што вели, тоа е создадено од граѓаните и за граѓаните и тој е кандидат за претседател кој ќе работи од, со и за граѓаните на Македонија.

Loading...

 

 

– Македонија ќе биде вечна и вековита како што била, додека векот векува и светот светува, порача на крајот Димитриевски.

 

Loading...

Никола Ивановски