Димитриевски: ЗНАМ испишува историја на политичката сцена

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вечерва на прес конференција од седиштето на партијата порача дека денеска испишале историја на македонската политичка сцена.

Loading...

– Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново, рече тој.

Вели дека денеска победила демократијата, што е и целта, Македонија да продолжи да се развива и расте како држава“.

– Воедно сакам на моите противкандидати да им честитам за постигнатиот резултат, а исто така и да се заблагодарам за кампањата која што ја водевме иако не беше еднаква кон сите поради законот кој е на сила и не дава еднакви можности во медиумското претставување, но на крајот на денот гласот на граѓаните мора да се почитува, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

 

 

Димитриевски потенцира дека Македонија „треба да излезе од црно-сивиот свет“, но волјата на граѓаните мора да се почитува.

Loading...

Јас во оваа прилика сакам да истакнам дека јас како кандидат заедно со сите кандидати за пратеници на пратеничките листи ќе продолжиме да го даваме нашиот максимум за да ја постигнеме конечната цел да ја обоиме Македонија во поинаква боја бидејќи се уште сметам дека во Македонија ние се уште не излегуваме од црно-сивиот свет.

– Тоа е поттик сите кои не не поддржаа во следниот период да ги убедиме дека намерите на ЗНАМ се искрени кон сите граѓани. Ниту ги делиме по политичка, етничка и верска припадност и нашата цел ќе биде Македонија да ја видиме каде заслужува да биде, тоа е на пиедесталот, полноправна членка на ЕУ и рамо до рамо со сите нејзини пријатели во светот, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Димитриевски рече дека тој како кандидат денеска низ Македонија освоил вкупно над 80.000 гласови.

– Регистриравме политички субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и се етаблираше со граѓанската поддршка на трето место во политичкиот блок и сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери да имате партија со 3.500 членови, а да освоите над 80.000 гласови и искрено сум горд на секој тој еден глас кој што дојде како поддршка за мене и нашиот нов политички субјект, движење ЗНАМ – За наша Македонија, изјави Димитриевски.

По парламентарните избори, Димитриевски вели дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност на државата, без кој нема да може да се формира новата влада, а тогаш ќе предложи дефинирање на македонските црвени линии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

– Предлози за тоа што значи национални црвени линии на македонскиот народ и граѓаните на Македонија со која целта е да се постигне не само национално единствно туку и братство и обединување на сите граѓани на државата, а верувам дека тие кои се огрешија од народот ќе ги извлечат поуките на крајот на денот, додаде тој.

На крајот упати порака до противкандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски:

„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна, ако сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, рече Димитриевски.

Loading...

Никола Ивановски