Димитриевски за споменикот на бранителите: Тоа е наша обврска како град и држава (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две иницијативи пристигнале до Општина Куманово за изградба на спомен обележје за загинатите припадници на безбедносните служби, појасни денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Едната идеја била од Здружението на ветерани од Куманово, а друга од Синдикатот на полициски службеници да се изгради споменик за загинатите бранители од конфликтот во 2001 година и загинатите полицајци од акцијата во Диво насеље од 2015 година.

Идејата, како што вели Димитриевски е прифатлива и се разгледуваат правните можности.

– Јас веднаш ја прифатив таа инцијатива ги разгледувам правните можности околу тоа дали е потребно да се донесе одлука на советот или веќе во минатото има донесени такви одлуки и потоа ќе излезам пред советот со пренесеното барање од овие организации бидејќи сметам дека тоа е наша обврска како град и како држава и тоа е нешто што најмалку можеме да го направиме. Да се одолжиме на овие наши сограѓани и бранители а дополнително и тоа е морален гест кон семејствата на паднатите борци, ние сме тука за нив и јас верувам дека ќе наидам на апсолутно разбирање и консензус за ова прашање во Советот, изјави Димитриевски.

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски