Димитриевски: „За наше Куманово“ победува на 17 октомври

Сподели со своите пријатели

„Граѓанската иницијатива За наше Куманово победува на 17-ти октомври! Победуваат граѓаните затоа што сакаат општината да продолжи да се развива. Сакаат напредок и вистинско вложување во градот и подобрување на квалитетот на живот на кумановци. Куманово во сите сегменти се развива како никогаш досега. Дозволете ни и натаму да продолжиме по тој пат“, порачува независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

Во изминатите четири години, реализирани беа повеќе од 400 проекти во различни сектори, инфраструктура, социјала, образование, гасификација, спорт, животна средина, култура итн. Во следниот мандат, предвидени се над 800 проекти. Имаме план и визија како да го направиме Куманово
подобро место за живеење.

На 17-ти октомври излезете и дадете ни ја довербата. Број 80 за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и број 61 за независната советничка листа предводена од Ивана Ѓорѓиевска.