Димитриевски: За година ипол изградивме 13 спортски игралишта, општината е во кондиција да работи со сопствени средства

Сподели со своите пријатели

„Општината веќе е во кондиција да работи со сопствени средства бидејќи ги има. Акцентот е ставен на образование. 1983та година е последното изградено школо во Куманово, а тоа е основното училиште „Кочо Рацин“.

Loading...

После тоа, немаме инвестиции во образование. За една ипол година изградивме 13 спортски игралишта, повеќе од половина во училиштата. Ќе кажат владата ги финансирала. Тоа се капитални средства кои следуваат на општина Куманово. Ги изградивме заедно и општината инвестираше во тие спортски капацитети“, истакна независниот кандидат за градоначалник за општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување на телевизија Телма на предизборното соочување со кандидатите за градоначалници.

Во однос на проблемот со гимназијата „Сами Фрашери“, Димитриевски посочи дека Рената Тренеска Дескоска е единствениот министер кој имаше сенс, но за жал ја напушти функцијата.

„Три месеци средствата стоеа неискористени на конто. Државата е таа којашто инвестира во тој објект. Државата е таа која што требаше да подготви техничка документација, а ние донесовме урбанистички план. Со прст не мрдаа првиот министер кога дојде по неа, ги тргна средствата, оттогаш имамаме 7,8 неодговорени писма назад. Решивме со сопствени сили и средства, заедно со граѓаните, со бизнис заедницата ќе влеземе во таа инвестиција, да ги средиме работите во тоа училиште. А дополнително, ги дигитализиравме сите средни училишта и голем број од основните училишта.

Ќе продолжиме во тој тренд. Нови зелени површини, нови сообраќајници, капитални инвестиции, пробивање на булевар, 5 кружни текови. Уште многу инвестиции за поубаво, позелено и почисто Куманово бидејќи јас со хигиената не сум задоволен како градоначалник. И тоа граѓаните секојдневно го кажуваат“, потенцираше Димитриевски.