Димитриевски за Фокус: Ги повикувам сите граѓани, членови и симпатизери на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ, ЛДП, ДУИ и Коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива да ме поддржат во вториот круг, вреди заеднички да ги туркаме процесите

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во интервјуто за Фокус порача дека во Куманово ќе победат кумановци, без оглед на нивната етничка, партиска или каква било друга припадност.

Loading...

„Како градоначалник работам за секој граѓанин, заеднички ги решаваме проблемите и сакам тие да имаат подобар живот. И во следниот мандат ќе продолжам со ваков пристап, затоа што општина Куманово е на сите граѓани и таа мора подеднакво да им служи на сите. Ги повикувам сите граѓани, но и оние кои се симпатизери и членови на политичките партии да ни дадат шанса да продолжиме со реализацијата на локалните политики во Куманово. Ги повикувам и СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ, и ДОМ/ЛДП, и ДУИ, и Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива да не поддржат на 31-ви октомври. Ветив дека по победата на локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и ќе ги инкорпорираме добрите проекти во една програма која ќе биде за добробит на на сите кумановци. Вреди заеднички да ги туркаме процесите кои значат прогрес и напредок“, вели Димитриевски.

Тој посочи дека е задоволен од резултатите во првиот круг, затоа што граѓаните се изјаснија дека сакаат да продолжи развојот во Куманово.

„Тие се изјаснија дека локалните политики кои ги имплементираме за подобрување на квалитетот на живот на кумановци мора да продолжат и понатаму. Оваа изборна трка воопшто не беше лесна, затоа што секој од против кандидатите на свое конто имаше обезбедено партиски поддржувачи, симпатизери и членови. Оливер Илиевски ја имаше базата на СДСМ, Тони Михајловски на ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитриевска на ДОМ/ЛДП, а пак зад Беким Салиу застана Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Како независен кандидат за градоначалник јас немав т.н „грб позади мене“ кој ми е поддршка уште пред да почне трката. Влегов сам со мојот тим во трката и не поддржаа граѓаните, затоа што веруваат во концептот „За наше Куманово“, кој значи концепт на слободни граѓани, на слободна волја и мисла, концепт на остварливи проекти и идеи кои Куманово треба да го направат подобро место за живеење“, рече Димитриевски.

Димитриевски истакна дека во 21 век, во политиката повеќе не поминуваат дејствијата со закани и местенки за добивање на политички поени.

„Граѓаните сакаат да слушнат што ќе биде сработено во следните четири години. Граѓаните сакаат да бидат сигурни дека ќе имаат градоначалник кој вистински ќе се грижи за нив. Доколку не бидат спроведени проекти кои значат квалитетен живот тогаш ќе ја изгубиме нивната доверба и нема да не гласаат на избори. Политиката е натпревар на идеи и визии за подобрување на состојбите, а не за црна пропаганда. Време да ги засукаме ракавите и да работиме, затоа што граѓаните не одбрале да им служиме. Куманово мора да биде европско и модерно место за живеење, кое ќе биде гордост на кумановци. Јас одбирам да работам и да реализирам проекти за доброто на граѓаните“, изјави Димитриевски.

Во интервјуто, Димитриевски порачува дека на 27-ми април 2017 години жртви бевме сите ние, жртва беше и демократијата во земјава.

„Со ВМРО-ДПМНЕ нема да почнеме преговори, но ги повикувам сите граѓани, вклучително и симпатизерите и членовите на оваа партија, како и од останатите партии на 31-ви октомври да ни ја дадат довербата затоа што имаме за цел да им служиме на граѓаните, да бидеме нивен сервис кој ќе испорачува резултати“, потенцира Димитриевски.

Loading...

Димитриевски изјави дека со претседателот на партијата и премиер Зоран Заев имал искрен однос, а неговата намера да оди како независен кандидат
му ја кажал лично пред да излезе во јавност.

„Јас директно ги кажувам работите, не сум класичен политичар кој прави калкулации со кажаниот збор. За мене една е калкулацијата – вистината мора да се каже, а сопствениот став треба да се каже јасно за да нема недоразбирања. Во Куманово сега се случуваат страшни сценарија од страна на МВР и Оливер Спасовски и тоа личи на се, ама не на демократија за која се боревме“, посочи Димитриевски.