Димитриевски: Во преговори сме со „Лидл“ да го градат нивниот логистички центар во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Во моментов сме во интензивни преговори со компанијата „Лидл“ да го гради во Куманово нивниот логистички центар на локација во индустриската зона Новини и Речица“.

Loading...

Ова го најави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на 13-тата седница на Советот на општината.

Димитриевски информираше дека за оваа идеја на компанијата „Лидл“ е информирана и Владата.

„Се обидуваме да изнајдеме начин во оваа локација да ги укрупниме парцелите, бидејќи се работи за огромна површина, некаде 20 хектари земјиште на коешто треба да биде изградена инвестиција од приближно 75 до 80 милиони евра, што верувам значително ќе значи за нас и за кумановското стопанство. Со реализација на една таква инвестиција, впрочем нивните пресметки кажуваат дека само на таа локација дневно ќе се движат околу 150 товарни возила и ќе дава  oгромна логистичка поддршка самиот центар, а ќе бидат вработени некаде до 300 луѓе“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец приведен за доиздржување казна затвор

Тој истакна дека веќе има добиено две писма со намера за инвестиција од страна на компанијата „Лидл“ во Куманово.

„Постои работна група во општината која работи директно, разговара и преговара за да се постигнат посакуваните резултати коишто тие ги сакаат да се укрупни парцелата, самото земјиште коешто иако е урбанизирано, сè уште беше дадено под владение да се плодоужива од страна на фирма која се занимава со земјоделието. Ја завршивме таа постапка, сега имаме мали проблеми со заштитниот зелен појас во рамки на парцелата, за тоа ќе се изнајде решение истиот да се пренамени на други локации во зоната како би можела оваа многу важна за нас инвестиција да се реализира. Пресметајте ако последната продажба беше од 15,7 евра по метар квадратен и се продава 200 илјади квадратни метри, колку тоа средства на буџетот на општина Куманово ќе  дојдат само од продажба на земјиштето кадешто ние добиваме 80% од тие средства. Тоа е една сериозна основа за следните капитални инвестиции кадешто може сериозно да се развива градот со тие средства“, потенцираше Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија донираше нов ехо апарат за кумановската болница (ФОТО)