Димитриевски: Во 2023 предвидени 3 милиони денари за нови спортски терени

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во 2022 година изградени се пет нови мултиспорт игралишта со тартан подлога во Агино Село, с. Романовце, с. Пчиња, с. Клечовце, во дворот на ООУ Крсте Мисирков и ООУ Браќа Миладиновци.

Loading...

„Во 2023 година предвидуваме 3 милиони денари буџет за изградба на нови спортски терени, како и 16.500.000 денари буџет за поддршка и развој на спортот во Општина Куманово. Дополнително предвидуваме и 4.800.000 денари буџет за нови детски катчиња, да обезбедиме повеќе простор за игра и забава на нашите најмили“, порачува Димитриевски.

Димитриевски потенцира дека продолжува создавањето на квалитетни услови за тренирање и рекреација, стимулирање на млади таленти и вреднување на нивните достигнувања во повеќе различни спортови, со што придонесува за здрав развој на младите и поддршка на локалните спортски клубови преку Општинскиот Сојуз на Спортови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба