Димитриевски: Вистински да се радуваме и да празнуваме со спокој и мир во срцата

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово денеска упати честита до православните верници по повод големиот христијански празник Велигден.

Loading...

Честитката интегрално ви ја пренесуваме во продолжение:

На денешниот светол и празничен ден од мое лично име и од името на Општина Куманово на сите православни христијани им го честитам празникот на Христовото воскресение Велигден. Празнувањето на овој голем христијански празник е основа на нашата вера, која не учи на човечност, сплотеност, искреност и меѓусебно почитување. Посакувам да не води позитивна мисла и добра намера, искрено да си подадеме рака за помош, душата да ни биде исполнета со љубов и да создадеме неизмерна среќа за нас и нашите најблиски. Вистински да се радуваме и да празнуваме, со спокој и мир во срцата. Нека е среќен и вечен Велигден! Христос воскресна!