Димитриевски утре со отчет за првите 100 дена од работењето

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утре на прес конфренција ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена од неговото назначување на функцијата.

– Сакаме да покажеме како ветувањата и делата се сретнаа во Куманово и какви проекти ни требаат за наредните денви, стои во поканата на Димитриевски.

Според поканата ова ќе биде прва од серијалот прес конференции преку кои Димитриевски сака да ја запознае јавноста за она што го сработел со својата администрација, но и за проектите кои се планираат за во иднина.

Прес конференцијата интегрално можете да ја следите на телевизија „Плус“ со почеток во 13 часот.


Leave a Reply