Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Сподели со своите пријатели

Секој пензионер во форма на субвенција да добие 13та пензија, ова е дел од програмата за чие реализирање ќе се залага Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, најави денеска кандидатот за претседател Максим Димитриевски.

Loading...

Следната Влада, вели Димитриевски не може да се формира без пратениците од ЗНАМ, па така ќе се заложат буџетските вишоци во 2024 година да се исплатат како 13та пензија.

– Со ребалансот ќе предвидиме исплата на 13та пензија во форма на субвенција до пензионерите со тоа што истата ќе биде распределена на начин што помалите групи или ставки на пензии ќе добијат поголем дел од средства, а повисоките помал дел од средствата, се со цел да се усогласи таа голема разлика која што постои. Во меѓувреме транспарентно ќе бидат објавени бројките колку средства има во Пензискиот фонд и ќе се направат дополнителни пресметки како и на кој начин ќе може во следниот период да се зголемува пензијата на пензионерите, рече Димитриевски.

 

 

Вели дека е свесен за платениот политички маркетинг од опонентите, кој не е еднаков за сите, и нералните ветувања, па упати порака до гласачите.

– Сакам да апелирам до сите граѓани кои ја следат оваа кампања, свесен сум на платениот политички маркетинг, дека не сме сите подеднкави и се шират голем број на понуди од нашите политички опоненти кои се далеку нереални, во период на избори сите ветуваат, но едно знам, дека ние од ЗНАМ што ветуваме тоа го реализираме , а тоа го покажува нашиот пример на менаџирање во Куманово. За нас се уште зборот е збор, рече тој.

Loading...

Како што потенцираше, ЗНАМ – За наша Македонија е партија која дава можност на нови лица во политиката и да го покажат знаењето луѓе на кои таква шанса досега не им била дадена.

Воедно ги повика граѓаните вечерва да присуствуваат на големиот народен митинг на плоштадот во Куманово со почеток во 20 часот.

Никола Ивановски